Фолк sвездата Цеца Ражнатовиќ деновите ги поминува во својот дом во Дедиње, поради моменталната состојба со пандемијата, но одвреме навреме објавува фотографии за фановите, но направени во минатото.
Овој пат, Цеца сподели фотографија на која носи провокативна тоалета во која е нагласен сексапилот, а нејзините фанови веднаш почнаа да ја споделуваат истата на нивните профили.
Поточно, Цеца брзо ја избриша таа фотографија кога виде во колкава мерка се коментира за фустанот од тантела, а веројтно коментарите не и се допаѓаа.
Сепак, за она што веќе осамнало, нема назад кога е интернет во прашање.