Иако британското кралско семејство живее под строги правила кои ги почитува, сепак коронавирусот го промени и нивниот протокол за време на празниците.
Како и повеќето семејства, тие ќе го прослават Велигден на поразличен начин од претходните години.
Како што пишува британскиот магазин „Хело“, Кејт и Вилијам заедно со своите деца се оделени од останатите членови на семејството.
Иако тоа не е според кралските правила, тие Велигден ќе го прослават со нивните наследници.
Како пишува магазинот, Кејт смислила богата програма за да не им е досадно на најмладите членови на семејството.
За потсетување, кралицата Елизабета секоја година за Велигден заминува во дворец Виндзор, но овој пат таа замина порано за да се заштити од короната.
Оваа одлука таа ја донесе откако беше повтредено дека вработен во кралската палата е позитивен на Ковид19.