Танчарот Џоле Ѓогани ја прозва пејачката Ана Николиќ за нејзините нови песни.
Џоле во последно време беше постојано во медиумите поради прозивките со остатокот од семејството Ѓогани, а сега ја тој ја прозва Ана Николиќ.
Имено, го замолија да го коментира новиот албум на Ана, со кој таа неодамна се врати на музичката сцена, а тој немаше многу убави зборови.
– Ја слушнав првата песна „Ни беше убаво“ и не знам што да кажам. Не би коментирал за тоа рецитирање. Тоа сигурно нема да биде на мојот репертоар, и сигурен сум дека ниту еден пејач нема да го пее – изјави тој за Хит Информер.
Потоа тој го коментираше физичкиот изглед на Ана и рече дека мисли пејачката не изгубила тежина благодарение на диетите и тренинзите, туку од операција.
„Таа има прстен вграден во желудникот и не треба да внесува повеќе од 200 грама храна во нејзиното тело“, рече Џоле за Ана.