Радио Милева

„Видеото ме расплака“: Ќерката на трагично починатата ѕвезда од „Брзи и бесни“, објави досега невидена снимка од својот татко (видео)

„Видеото ме расплака“: Ќерката на трагично починатата ѕвезда од „Брзи и бесни“, објави досега невидена снимка од својот татко (видео)

Ќерката на ѕвездата на филмовите “Fast & Furious” – Пол Вокер, Медоу, објавила видео од својот татко кое досега никој не го видел. На снимката се гледа како таа го изненадува во текот на една посета.

Вокер на видеото се смее и вели дека ќерка му го преплашила, а потоа силно ја прегрнува.

фото:инсатграм

Снимката растажи многу негови фанови, а за само неколку часа го погледнале повеќе од половина милион корисници на социјалната мрежа Инстаграм.

“Мислев дека ова никогаш нема да го објавам, но некако ми се чинеше како исправна работа. Бидете добро. Ве сакам. Останете дома”, напишала Медоу во објавата.

 

View this post on Instagram

 

I never thought I’d share this. But it felt right. Be good. I love you. Stay safe. xx

A post shared by Meadow Walker (@meadowwalker) on

“Видеото ме расплака. Почивај во мир”, “Твојот татко беше неверојатен и многумина го сакаа”, се само дел од коментарите под снимката од Пол.

Американскиот актер загина на 30 ноември 2013 година во тешка сообраќајна несреќа во Калифорнија. Вокер, кој тогаш имаше 40 години, во моментот на несреќата се наоѓал на совозачкото седиште во автомобилот со кој управувал неговиот пријател, кој исто така настрада во несреќата во местото Санта Кларита.

Возачот изгубил контрола на возилото кое излетало од патот и удрило во столб или дрво, а потоа се запалило и експлодирало.

Вокер е најпознат по улогите во серијалот филмови “Fast & Furious” кој се занимава со улични трки во спортски автомобили, а глумеше во пет од шесте делови на популарниот серијал.

To top