Поради вонредната состојба во Србија, се одложи и прекина снимањето на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Продукцијата сега се огласи со јавно соопштение и откри што ќе се случи со понатамошната музичка програма.
„Бидејќи се уште владее вонредната состојба не можеме со прецизност да го утврдиме датумот кога ќе продолжиме со снимања на „Ѕвездите на Гранд“. Тоа многу зависи од ситуацијата во нашата држава, но и државите во регионот бидејќи нашите кандидати доаѓаат од цела бивша Југославија. Доколку до јуни, кога се завршува и сезоната на музичкото шоу, не се стекнат услови за снимања, „Ѕведите на Гранд“ ќе продолжат да се емитуваат во септември таму каде што застанавме во моментот кога се случи вонредната состојба. Попрецизно, ако времето не биде на наша страна, за се ова ќе ги известиме нашите кандидати и од есен ќе продолжиме како да немаше прекинување. Ништо нема да се промени. Во секој случак, нашите кандидати нема зошто да се плашат, доколку вонредната состојба не спречи да го продолжиме снимањето во јуни, тогаш ќе продолжиме во септември“ стои во соопштението.
За потсетување, во македонското шоу има и неколку македонски кандидати кои соработуваат заедно со своите ментори од „Ѕвездите на Гранд“.