Радио Милева

Во најдобро друштво: Ноне Неделковска извади невидена фотографија од детство (фото)

Во најдобро друштво: Ноне Неделковска извади невидена фотографија од детство (фото)

Во текот на изолацијата и пандемијата имаме време да правиме за што можеби сме немале претходно, но и да се потсетиме на некои поубави времиња, на безгрижното детство, на моменти кога само сме имале насмевки на лицето и сме уживале во вистинските вредности.

Естрадните уметници во текот на изолација прифатија разни предизвици, од објавување на стари фотографии на кои изгледале како деца, до готвење, фотографии во веначници и слично.

Некогашната македонска пејчка Ноне Неделковска која последните неколку години работи на брод, се врати во Македонија и деновите во изолација ги поминува во родниот Велес.

фото: Инстаграм

Нејзините најдобри пријатели заради околностите во моментов и се домашните миленици, нејзината пудлица Луси и мачето Бошко, а Ноне ужива во времето дома бидејќи не толку често може да биде во родниот град.

За разлика од нејзините екс колешки од естрадата, Ноне не „виси“ на социјалните мрежи и постојано да објавува фотографии.

фото: принтскрин/инстаграм

Сепак, овој пат направи исклучок и во кусите приказни на „Инстаграм“ сподели моменти од детството.Имено, на фотографијата таа е на плажа заедно со нејзиниот татко кој лежи на плажата, а Ноне е до него.

Еве како тoгаш изгледаше македонската пејачка.

фото: принтскрин/инстаграм

 

To top