Токму така… таа важи за една од најубавите, најзгодните и најсекси докторки во Македонија. Барем од оние – тазе дипломираните. Патем, секако е најраспеаната, зашто музиката и медицината кај неа одат рака под рака!
Деновиве Др. Симона Поповска покажа уште една своја, досега неоткриена способност – да лечи со поглед… од депресија!
Имено, последната нејзина фотосесија која ја направи уметничкиот фотограф Александар Вржалски, буквално го подига моралот, ја враќа волјата за живот, ги растреперува сите сетила, го качува адреналинот, ги буди машките мечти и скриените соништа… Со еден збор – „лечи“ штом ја погледнете!
Атрактивна, отмена, елегантна, суптилна, нежна, пожелна, секси… Симона уште на прв поглед зрачи со убавина и сексапил…
Се разбира покрај она нешто што го носи во себе, она што одвнатре ја прави да биде повеќе од само обична девојка или жена…
Вокалните квалитети на Симона се познати, лекарските на Др. Поповска, допрва треба да ги докаже, иако уште сега е јасно дека во старт „лечи со поглед“.
Штом ја видите, веднаш ви е подобро! Особено, во вакво издание, како на последната фотосесија… за лек од депресија!