Во последно време во медиумите често се пишува за односот меѓу Анабела Атијас и Гаги Ѓогани кои заедно се во реалното шоу „Задруга3“, а во јавноста испливаа детали од нивниот интимен живот, иако тие се разведени од 2009 година.
Анабела и Гаги беа одбрани да бидат во изолација, па така по 10 години тие спиејаа во кревети еден покрај друг. Водичот Младен Јовановиќ ги одбра Анабела и Гаги да останат во самоизолација.
„Мене овде ми е најактуелна приказната што Анабела и Ѓогани започнаа да комуницираат и знам колку Гаги има желба да има убав однос со Анабела. Мислам дека Луна најмногу страда. Се согласувам и дека Анабела навлегува во кавги, мака ми е да гледам една мајка како страда, а исто и така и Гаги е тажен, можеби тоа не се гледа на неговото лице, а се ова влијае на него. Така да јас ги поставувам Анабела и Гаги.
„јас ова го очекував од оној момент кога прифатив да дојдам во реалното шоу.Младен можеби направи добро дело, сеедно ми е, очекував вакво нешто“ изјави Анабела.
И Гаги се согласи дека изборот е интересен.
<iframe width=”620″ height=”374″ src=”https://www.youtube.com/embed/r9D7wSp1SnI” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture” allowfullscreen></iframe>
„Интересен избор, што да мислам. И јас ова го очекував, само беше прашање кога ќе се случи“ изјави Гаги.
Анабела го одбра креветот од лева страна, а Гаги од десна страна. Сношти беше првата ноќ која ја поминаа заедно во изолација.