Ненад Маринковиќ Гастоз моментно е во Тајланд, а поради епидемијата на коронавирус тој не е во состојба да се врати во Србија.
Низ солзи, Гастоз ја повика Кристина Кија Кокар на телефон и кажа дека не може да се врати во Србија до септември. Кија беше видно изненадена, а во неколку наврати го праша: „Дали се шегуваш?“
Таа побара од Ненад да вклучи видео повик за да може да го види и да се увери дека не се шегува со неа. Кога го виде „плачењето “ на Ненад, на Кија не и беше сеедно.
Таа се обиде да го утеши, да најде некој начин Гастоз да стигне во Европа, а го советуваше да започне „бунт“ на Инстаграм.
– Дали одите во црква? Те молам, оди утре, те молам. Барам да одиш во црква, само една свеќа од мене, те молам – кажа Гастоз.
– Не можеме да излеземе, има полициски час. Ќе одам во понеделник “, се обиде да објасни Кија.
После неколку минути и „плачење“ пред камерата, Гастоз не можеше да издржи и почна да се смее додека Кристина остана…
Погледнете го разговорот на Гастоз и Кија во видеото подолу: