Пејачката Гоца Тржан води дневник на активности и како го поминува своето време во изолација за време на пандемија.
Неодамна таа им искажа почит на сите жени чиј примарен интерес е домаќинството.
Пејачката вели дека се обидува да помине квалитетно време во изолација, готви, се грижи за домаќинството, чита и работи на себе, а неодамна објави фотографија како чита книга и предизвика несакан коментар.
„Дали пејачките читаат или тоа е само фора“, се вели во коментарот.
„Предрасудите се карактеристика на нискоинтелигентните луѓе“, рече Гоца и не остана должна.