Деновите во изолација никако да поминат, колку и да наоѓаме време за себе и за своите активности, сепак не фаќа носталгија за да излеземе надвор и да се вратиме на секојдневието.
Особено можеби потешко е за граѓаните на Куманово кои изминатиот викенд имаа полициски час кој траеше од петок од 21 часот до понеделник до 5 часот наутро.
Во изолацијата, односно во четирите ѕида сите си најдовме по некоја занимација како да ни поминува времето. И јавните личности ги почитуваат мерките, па најголемиот дел од нив се во своите домови поминувајќи го времето со најблиските.
Некои од нив побараа ретро фотографии во албумите, некои направија концерт во домашна атмосфера, некои се фатија во кујна и ги покажаа вештините во готвење.
Македонската фолкерка Сања Сани Гродановска своето време го поминува во својот дом заедно со ќерките и сопругот.
Тие уживаат заедно, а тие моменти ги бележат со неколку заеднички фотографии, кои фолкерката ги објави на својот „Фејсбук“, а во описот напиша: карантин фотесеија.
Во домашната фотосесија Сани позира со ќерките и со сопругот, а по насмевката на лицето може да се заклучиме дека убаво си поминуваат и кога мора дома да седат.
И ова ќе помине, и пандемијата и короната, и се ова еден ден ќе биде вчера, а дотогаш треба да издржиме и да ги почитуваме мерките за заштита.