Радио Милева

Даниел Кајмакоски остана изолиран во Србија: Еве како го минува времето и во што стана експерт (фото)

Даниел Кајмакоски остана изолиран во Србија: Еве како го минува времето и во што стана експерт (фото)

Пејачот Даниел Кајмакоски веќе извесен период живее во Белград каде започна и со редовни ангажмани во клубови.

Но сега во време на коронавирус и полициски час, сакале-несакале сите го поминуваме најголемиот дел од времето дома.

Даниел остана во својот стан во Белград, од каде за првпат се огласи од самоизолација.

фото:даниел кајмакоски/инсатграм

Тој делумног го покажа местото каде живее, а покажа и дека станал експерт во правење шпагети, односно италијанска храна.

Додека ја подготвуваше пастата, направи неколку фотографии за да ја долови својата умешност.

Потоа со спремна чинија порача дека во вакво време претпоставува дека сите се експерти за паста, па и тој, а во описот дополни „Да живее Италија“, веројатно сакајќи да даде поддршка на италијанскиот народ кој е меѓу најпогодените од вирусот.

 

To top