Иако медиумите во регионот на големо пишуваа за новата љубов на пејачот Аца Лукас, тој не се огласи во јавност да ја потврди или демантира приказната.
Но повеќе снема сомнеж дека тоа е навистина така.
Аца Лукас ја потврди својата врска со контроверзната Плејбој зајачица Божана Вујиновиќ. Тој на својот профил на Инстаграм објави фотографија од вечерна забава на која е во друштво на атрактивната русокоса и пријателите.
Божана и Лукас се во врска два месеци, а фолк пејачот и еротскиот модел првпат се фотографираат заедно, иако тој велеше дека се само пријатели.
Инаку, минатата година Лукас беше обвинет за семејно насилство, по што се разведе од сега екс-сопругата Соња Вуксановиќ.