Како што пишуваат српските медиумите, поранешниот сопруг на Наташа Беквалац кој е осуден за семејно насилство, ќе стане татко по трет пат.
Пред разводот со Беквалац, тој започна врска со Слаѓана Иванишевиќ. Иако тие не ја потврдија врската, сепак беа објавени нивни заеднички фотографии.
Наводно, Лука и Слаѓана живеат заедно, а за 4 месеци ќе се реализираат во улогата на родители. Како што се зборува размислуваат и за венчавка која наскоро треба да се случи.
Лука и Слаѓана се во врска од 2019 година.
„Ги запозна заеднички пријател во Нови Сад. Лука и кажа на Слаѓана дека е воодушевен од нејзината грациозност и убавина. Веднаш се виде дека има хемија меѓу нив. За нивната љубов знаат нивните најблиски пријатели, но и тие не се кријат. Се појавуваат на јавни места, ресторани, кафулиња. Засега, се е во најдобар ред и се чувствуваат среќно“ вели извор за курир.рс
За потсетување, Лука Лазукиќ беше во брак со Наташа Беквалац и заедно од бракот имаат ќерка.