Јелена Карлеуша не излегува од дома додека трае пандемијата од коронавирус.
Таа утрово на својот Инстаграм објави фотографија каде е легната во креветот, а друштво и прават нејзините две ќерки, Ника и Атина.
Како што наведе во описот, одлучиле цел дел да го поминат гледајќи филмови на Нетфликс.
Душко не е крај нив во креветот, но пред неколку дена Јелена објави дека и тој е во изолација во нивниот семеен дом во Белград.
На Душко пак, како и на псите, му недостасуваат нормалните денови, па објави ретро фотографија каде е „скоцкан“ од глава до пети.