Јелена Карлеуша не може да преболи што се врати од Милано во Србија, каде беше специјална гостинка на Донатела Версаче на миланската модна недела.
Пејачката се уште е под импресии од најпрестижното модно случување на светот, па враќањето во реалноста и падна тешко. Јелена се пожали на социјалните мрежи како накратко изгледа нејзиното секојдневие.
-Мојот живот од Донатела до Вики и назад- напиша карлеуша на Твитер, алудирајќи на честите расправии со Вики Миљковиќ во „Ѕвездите на Гранд“.