Во реалното „Задруга“ секојдневно дознавме детали од приватниот живот на екс сопружниците Анабела Атијас и Гаги Ѓогани.
Мајката на Анабела се огласи за медиумите и првпат ја откри својата страна на приказната.
Таа призна дека секојдневните напади на нејзината ќерка и паѓаат тешко и дека стресно го поминува периодот.
„Мене ова ме уништува, не можам ништо да заборавам, тоа е моја трагедија. Многу сум несреќна“ призна Јадранка за пинк.рс и открива како реагирала кога дознала дека Анабела влегува во реалното шоу.
„Само и реков: „Конечно. Сакам да влезеш и да го тргнеш теретот кој го носиш во себе. Таа со години се чувствува лошо. Колку и да беше на терапии, таа психички не може да оздрави бидејќи во себе носи болка која постојано ја прогонува. Најмногу штета и донесе таа злобна судбина со Ѓогани, имаше насилство во семејството кое го криеше од сите, посебно од мене бидејќи јас сум таков човек што не може да прифати таков начин на живот, па веројатно се плашеше дека ќе и вршам притисок да донесе конечна одлука. Цел живот трпеше малтретирање од семејството Ѓогани. Првите, 3,4 години се беше добро, весело, но кога почна да се дрогира, се започна да се менува. Ништо не знаев, дозна после 5 години, кога дојде крај на бракот. Мене многу ме потресе сознанието дека се дрогира, јас сум голем противник на тоа. Ѓоле Ѓогани никогаш не ја оставаше на мира иако ништо не и направи“ вели мајката на пејачката.
Таа открива дека Анабела криела дека е жрва на насилство.
„Никогаш не сакаше да ми каже, додека јас не дознав за последното насилство врз неа….и тоа дознав сосема случајно. Се сеќавам дека само помалата ќерка која често одеше кај Анабела ми кажа: „Мамо, немој толку фино да зборуваш за Гаги, не е он цвеќе, знае да ја удри Анабела“, а потоа јас неколку пати ја прашав Анабела, но не сакаше да ми каже“ вели Јадранка.
Меѓутоа, потоа дознала за физичкото насилство над ќерката.
„Беше на настап во Македонија, се врати во Србија и ми кажа: „Мамо, еве ме во станот на Мирко, одлучив да се одморив, многу сум изморена од работата“. Јас поверував во тоа. Беше 14иот роденден на Нина каде се сликаа Анбела и Гаги, а тоа се појави во медиумите. Гледам нешто ми беше чудно, ништо не ми беше јасно. Потоа и се јавив и тогаш ми се склопија коцките во глава, така изгледаше така поради театрската шминка со која ги покрила модринките“ вели мајката на пејачката.
Потоа ја дознала целата вистина.
„Мојата друга ќерка ме плукна и ми кажа: Што го браниш Гаги, знаеш ли што направи на мојата сестра?“ и тогаш ми ја кажа целата вистина“.
Во една од кавгите, Гаги откри дека Анабела ја тепала нејзината мајка, а таа демантираше. Имено, таа вели дека станува збор за кавга која се случи меѓу претходните две „Задруги“ која Анабела се чувствувала лошо.
„Сите ја напаѓаа, беше изгубена. Јас и велев: „Молим те, престани да ги гледаш тие пораки само те вознимируваат и паѓаш во депресија“. Таа тогаш пукна и почна да вика: „Пушти ме, барем ти да ме разбереш, не се мешај“. Тоа и беше само вентил, нема никаква тепачка или нешто слично“ вели мајката и додава:
„Гаги ја уништи Анабела, нејзиното здравје и целото семејство“.