Радио Милева

„Карантин маска“: Еве во што Милена Антовска ја маскираше својата ќерка за „Денот на шегата“

„Карантин маска“: Еве во што Милена Антовска ја маскираше својата ќерка за „Денот на шегата“

Короната ги затвори градинките, училиштата, факултетите, моловите….и ни стави рампа на секојдневните активности и навики.

Иако претходната година за „Денот на шегата“, плоштадот во Скопје можевме да го видиме преполн со луѓе со разни маски, вчера (1ви април), центарот на главниот град беше празен.

Најголемиот дел од времето луѓето го поминуваат во своите домови, во изолација, почитувајќи ги мерките за заштита.

Меѓутоа, водителката Милена Антовска најде решение да ја маскира својата ќерка Лана Марија која моментално не оди во градинка.

фото: Инстаграм

Таа на „Инстаграм“ ги поздрави сите дечиња, родители и истакна да направат нешто интересно во домашни услови бидејќи на децата веќе им е досадно.

фото: инстаграм

Затоа мама Милена се фати за работа, па со помош на ќерката и сопругот направи маска зајче за наследничката.

фото: инстаграм

Со крајниот резултат водителката се пофали на социјалните мрежи.

фото: инстаграм

Веруваме дека Лана Марија уживала во „Денот на шегата“ заедно со мама и тато, а целиот ден им поминал во шеги и насмевки.

To top