Познатиот рапер Дрејк во декември минатата година рече дека направил два ДНК-теста затоа што сакал да се увери дека тоа е неговото дете. Таткото и синот воопшто не потсетуваат еден на друг, но реалноста е дека навистина се иста крв.
Дрејк на Инстаграм објави емотивна порака за тоа колку му недостасуваат семејството и пријателите поради изолацијата и дека тоа влијае на милијарди луѓе ширум светот.
“Она што моментално е најважно за вас е да најдете светлина во вас самите”, напишал Дрејк покрај серијата фотографии од своите најмили, вклучувајќи го и малечкиот Адонис со кадрава коса.
“Ова ќе доведе до најголемото отворање кај сите луѓе. Верувајте дека ја имате сета сила во себе тоа да се случи и затоа поврзете се со луѓето и работите кои ви носат радост. Кога умот ќе тргне во правец на преувеличување или страв, пренасочете го вниманието кон нешто весело”.
Инаку,Адонис е дете на Дрејк и поранешната порно ѕвезда Софи Брусо.