Иако пејачот Ѓорѓе Давид кој е заразен од корона редовно се јавува од болница и ги известува фановите за неговата здравствена состојба, една кандидатка од неговиот тим воопшто не е загрижена поради вирусот.
Многумина од јавните личности седат во своите домови и апелираат и до граѓаните да не одат никад, сепак учесничката во „Ѕвездите на Гранд“, Ана Влајиќ не се плаши од Ковид 19.
„Не верувам дека короната е толку опасна. Дури несум ни сигурна дека Давид има корона, не ми е јасно како докторите може да потврдат. Јас не се лечам со класична медицина. Се чувствувам добро“ вели Ана за „Информер“.
За потсетување, поради короната, продукцијата „Гранд“ ги окажа снимањата на регионалното музичко шоу.