Пред четири години била закажана емисија која требало да ги сруши сите рекорди бидејќи гости требало да бидат Лепа Брена и Цеца
Сценографијата била направена, а ПР-тимот договорил секој детаљ. Меѓутоа, Цеца два дена пред снимњето се јавила и го откажала гостувањето.
„Точно е, ми се јавија и ми ја кажаа причината поради која не може да се снима, бев во шок. Се беше подготвено. Тогаш се зборуваше за тоа, како што се зборуваше и за емисијата во која гости беа Цеца и Драгана Мирковиќ“ вели Синиша Медиќ.
„Сакам силни приказни, како во емисијата кога гости беа Мирјана Антоновиќ и Давин, синот на Мирослав Илиќ. Уживам да го правам она што не можат другите“ вели водителот за „Информер“.
Инаку добро познато е на јавноста дека Брена и Цеца се во колегијални односи, но приватно не се дружат. За разлика од нив, Брена и Драгана Мирковиќ важат за добри пријателки на естрадата.