„Ѕвездите на Гранд“ можеби не им донесоа победа на Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ, но затоа им донесе љубов, брак, а наскоро и нов член на семејството.
Имено, по завршувањето на претходната сезона, Елена и Гуте кои беа под менторство на Ана Бекута започнаа љубовна врска. По неколку месеци тие се свршија, а потоа склопија брак во Србија, а во февруари оваа година направија прослава во Скопје.
Елена и Гуте деновите во изоалција ги поминуваат заедно во нивниот дом, па често се активни на социјалните мрежи каде што не се штедат да покажат и детали од нивниот приватен живот.
Тие пред некое време на интересен начин тие открија дека Елена чека син на кој неизимерно му се радуваат.
Меѓутоа, деновиве парот на „Инстаграм стори“ играше игра односно анкета, па ги замолија фановите да праќаат што мислат како ќе се вика наследникот.
Тие добиле околу 600 пораки, а тој одлучи со фотографија да го открие името на синот.
„Вчера бевте креативни, добив околу 600 пораки со разни имиња. Меѓу нив имаше и точни, но не ви одговорив бидејќии со оваа фотографија сакав да ви го откријам името на бебето. Максим Маринковиќ, како ви звучи“ напиша сопругот на Елена на социјалните мрежи.
Под објавата се нижеа коментари дека името е одлично и дека направиле вистински избор.