Поминувајќи го времето во изолација поради короната, имаме многу повеќе време за работи за кои претходно сме немале.
Многумина од јавните личности на социјалните мрежи покажуваат како ги поминуваат деновите во четири ѕида.
Македонската пејачка Сара Мејс деновиве исто така е активна на социјалните мрежи. Во согласнот со кампањата „Седам дома за“…. таа прво на „Инстаграм“ објави за кого седи дома, а нејзиниот список беше долг.
Меѓутоа, деновиве пејачката имаше време да пребарува по албумите и да наиде на фотографии стари шест месеци односно на фотки од првиот роденден на ќерката Илина.
Имено, наследничката на Сара Мејс и нејзиниот сопруг Димитар Атансовски пред шест месеци наполни една година.
По тој повод, парот и организираше забава на малата Илина која на тој ден изгледаше како принцеза. За оваа прилика, малата Илина беше облечена во фустанче во комбинација со патики и наликуваше на мала принцеза.
Мама Сара се одлучи за долг фустан, а Димитар за краток шорц и бела кошула, но насмевката не ја тргнуваа од лицето.
Сара и Димитар тогаш многу не се пофалија со многу фотографии, но затоа сега тоа го направи пејачката која по шест месеци на Фејсбук објави неколку моменти од 1-от роденден на Илина.
„Пред 6 месеци може немав баш време за ставање слики на фб, ама затоа сегааа… Ако Ви се свиѓаат за утре можам и да ги нацртам, да видиме со ликовно до кај сме..“ напиша Мејс во описот на објавата.
За потсетување, Сара и Димитар во 2018 година за првпат се реализираа во улогата на родители.