Музичарот и лидер на групата “Молика“, Џими Мицевски кој воедно е сопруг на пејачката Анета Мицевска, осуден е денес на казна затвор од 2 години и 6 месеци.
Основниот суд – Скопје 1 ја донесе првостепената и неправосилна пресуда за предметот на поранешното СЈО под кодно име “Транспортер“ во кај првообвинетиот екс градоначалник на Битола, Владимир Талески доби затворска казна од 8 години.
Мицевски беше обвинет во овој предмет за наводна злоупотреби во ученичкиот превоз во Битола. Со пресудата Мицевски е должен да исплати дел од противправно стекнатата имотна корист од околу 1.000.000 денари.
Мицевски има право на жалба до Апелационот суд – Скопје, пресудата ќе биде извршена после правосилната одлука на Апелација.