Социјалните мрежи се редовна активност во секојдневието на популарната ТВ водителка Лила Филиповска.
Оние што се нејзини следбеници можат да погледнат фотографии и видеа од такви во домашен амбиент, на снимање, па се до моментите кога вежба во теретана.
Припадниците на посилниот пол и тоа како ја обожаваат омилената водителка, а тоа често се потврдува и со учесниците во „Се или нешто“.
За Лила годините како да се само бројка, а како минува времето таа се почесто игра на картата на сексапилот, особено преку нејзиниот најсилен атрубут- градите.
Овој пат облече длабоко и тесно деколте кое сакаше да го документира со едно „селфи“ во автомобилот, кое токму во тој момент беше осветлено околу градите веројатно од светлата на друг автомобил.
Бидејќи едната страна и изгледаше посветло, местото го закокружи со црвено, па на следбениците им напиша за што станува збор за да не ја прашуваат.