Ана Николиќ не престанува да изненадува ни кога е во самоизолација и во домашно издание.
Имено, таа оваа година се враќа на голема врата со своите нови песни кои имаат милионски прегледи на „Јутуб“.
Пејачката неодамна беше гостинка и во емисијата „Амиџи шоу“ каде што проговори за својот приватен живот, за своите професионални активности, ангажмани.
Меѓутоа, Ана како и многу други јавни личности деновите ги поминува во самоизолација во својот дом.
Таа на својот „Инстаграм“ објави видео на кое покажа како ги поминува деновите во својот дом.
Имено, Ана сподели дека нејзината помошничка Рада не доаѓа да и помага во вонредна состојба, па затоа таа се „фати за работа“ односно ја вклучи правосмукалката.
„Што се мора, не е тешко“ изјави Николиќ и покажа каква е домаќинка.
View this post on Instagram