Станија откако се врати од САД во Србија, мора да ги почитува правилата и да биде 28 дена во карантин. Старлетата изолацијата ја минува затворена во својот стан во Нови Сад, каде се обидува да најде разни облици на занимација за што побргу да и мине времето.
„20 ден во карантин! 15 минати во САД и само петти ден во Србија! Јас сум во станот, затворена … единствен излез ми е оној на терасата! Редовно одговарам на повиците за проверка на полицијата. Тренирам на тепих – метар на метар. Учам, читам, правам сè за што немав време. И јадам, јадам, јадам…! А, вие, како сте?“ – прашува старлетата, објаснувајќи како го минува времето во карантинот.
И кога сите од Станија очекуваа голотија од карантинот, фотографии на кои сме навикнати од неа, старлетата изненади со нејзиното издание, кое во самоизолација е сосема поразлично.
Имено, Добројевиќ на Инстаграм објави фотографија во белеи пижами, на кои има апликации од црвени црешички и со собрана коса. Овој пат бујните атрибути и телесниот раскош- изостанаа!