Јелена Карлеуша не може да седи мирна, уште помалку на едно место. И самата потврди дека ја фатило карантинска криза, па затоа решила да ги израдува своите верни обожаватели на Инстаграм каде сподели жешка снимка од карантинот, со која им го крена… адреналинот!
На видеото, облечена повеќе од провокативно во ултрасекси комбинација, сите можеа да видат како меша Карлеуша… на тераса.
Имено, Јелена ја искористи можноста да ја промовира нејзината нова песна што излегува наскоро. Насловена е „Ла Бомба“ и русокосата ја пее во дует со бразилскиот музичар Пабло Витара.
Она што на им го привлече вниманието покрај жешкиот еротски танц на белградската скандал дама, беше предизвикот што Карлеуша им го постави на своите блиски колешки да ги покажат своите танцувачки вештини токму на нејзината „Ла Бомба“.
„Да ве видам“ – напиша Јелена и им ја подари на колегите, предизвикувајќи ги на жежок танц Наташа Беквалац, Јелена Розга, Дара Бубамар, Драгана Мирковиќ, Северина, Едита Харадиновиќ, Инди Арадиновиќ, Катарина Живковиќ, Станија, Луна и многу други… Па дури и Кија Кокар, со која воопшто „не се мирисаат“.