Радио Милева

Долги голи нозе и висок шлиц: Андријана Јавевска со провокација од домашна изолација (фото)

Долги голи нозе и висок шлиц: Андријана Јавевска со провокација од домашна изолација (фото)

Познатата пејачка, инструменталист и професор, Андријана Јаневска, како и сите е во домашна изолација чувајќи го своето и здравјето на семејството.

Имајќи повеќе време да поминува во домот, Андријана најмногу е посветена на своите две синчиња Димитар и Кристијан.

Но, бидејќи време има и повеќе од доволно, Андријана знае малку и себе да се оушти. Таа на својот Инстаграм објави фотографија на која позира во секси издание пред својот гардеробер.

фото:андријана јаневска/инсатграм

Свечениот црвен фустан со висок шлиц кој ги истакнува нејзините убави долги нозе, деновиве сигурно нема прилика каде да го облече, па затоа тоа го направи дома, за ќеф.

За оваа секси објава очекувани беа и ласкави коментари.

фото:андријана јаневска/инсатграм

Инаку, Андријана Јаневска, која многу години е дел од македонската музичка сцена и како прекрасен вокал, но и врвен музичар, веќе некое време работи на својата меѓународна кариера.

Како резултат на тоа нејзино поврзување со музичари од регионот, периодов таа е актуелна со новиот албум „Аtisarga“, снимен во соработка со познат композитор и гитарист од Словенија, а станува збор за Боштјан Лебен.

Новиот албум содржи 10 песни, во кои Андријана вели дека внела некоја нова емоција.

To top