Актерката Анџелина Џоли има сериозна здравствена криза и како што наведува таблоидот, доживеала нервен слом на почетокот на годината.
– Анџелина едвај може да застане на свои нозе. И кога ќе стане, веднаш и е лошо. Постојано чувствува вртоглавица. Нејзините асистенти ретко ја пуштаат да оди каде било затоа што се плашат дека славната актерка одеднаш ќе падне – открива извор за весникот „New Weekly“, додавајќи дека никогаш не ја виделе како јаде нешто.

Неодамнешното обединувањето на Бред Пит и Џенифер Анистон на доделувањето на наградите SAG, како и нивното помирување, се наведува како причина за ваквата состојба на актерката.