Радио Милева

Kим Кардашијан ги налути фановите со објавата среде пандемија: „Дали си сериозна, луѓето умираат“

Kим Кардашијан ги налути фановите со објавата среде пандемија: „Дали си сериозна, луѓето умираат“

Ким Кардашијан на социјалните мрежи го сподели својот план за донирање пари како помош на фондот кој го основаше Baby2Baby, непрофитна организација која ги осигура потребните работи за сиромашните деца кои живеат на подрачјето на Лос Анџелес.

Меѓутоа, таа со својот гест предивика незадоволство кај своите фанови кои сметаат дека не е проблем што Ким сака да донира, туку начиннот на кој сака да го направи тоа.

фото: инстаграм

Имено, таа преку својот Твитер и Инстаграм ги покани фановите да ги купуваат нејзините производи на марката „Скимс“, а од заработените пари ќе донира само 20 % на спомнатата организација.

Тоа значи дека луѓето мора да ги купат нејзините производи, а таа дел од заработката ќе ја донира.

фото: гети имагес

Луѓето многу остро реагираа за овој план на Ким и ја прашаа зошто се обидува да заработи од пандемијата.

„Мислиш дека купувањето на производите ми е преоритет сега кога ќе останам без работа, а имам две деца кои треба да ги хранам. Повеќе нема да те следам“, „Луѓето губат работа и се исплашени. Не знаат како ќе ги платат сметките. 20%?Дали си серозна“, „20%? Зарем немаш повеќе пари за 100%?, се само некои од коментарите.

To top