Помалиот син на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Виктор Живојиновиќ конечно одлучил да смири и тоа поради девојката со која е во врска.
„Виктор е најмлад во семејството, па се му е дозволено. Беше многу разгален. Во еден период, Брена многу се нервираше околу неговите излегувања. Секогаш се плаши дека нешто ќе му се случи. Не може да спие додека тој не се врати од провод, но веќе работите се менуваат. Откако е во врска со Сандра Миљаковиќ потполно се смири, помалку излегува со друштвото и повеќе е поврзан со семејството. Дури е многу се ангажира во семејниот бизнис со виното, стана одговорен и амбициозен“ вели извор за „Свет“ и додава:
„Сака да застане на свои нозе и да биде самостоен. Има план да се исели и да го живее својот живот. Се гледа дека е заљубен, а тој не крие дека има сериозни намери со Сандра. Таа е задолжена што Виктор ослабна и што тренира“.
„Семејството и пријатели му велат да не брза, дека уште е млад, а тој знае да каже: „Јас си одбрав жена“.
Девојката на Виктор работи како козметичарка во еден салон во Белград, а ги завршува и студиите по српски јазик и книжевност.