Хрватската пејачка Маја Шупут се огласи на социјалните мрежи по земјотресот кој го погоди Загрев во недела наутро. Таа истакна дека не се чувствува добро и дека ја погодила целата ситуација
Маја која секогаш е весела и располежна истакна дека е тажна и дека се бори со чувство на немоќ.
„Неподнослив е стравот кој ме држи од вчера. Не знам кој од вас успеа да заспие, јас не спиев. Страв ми е ако не слушнав на време, страв ми е ако нешто падне врз нас…полудев. Работите ми стојат до врата ако треба да излезам од домот, а во автомобилот ми се ноаѓаат основни работи, иако не знам што ми треба. Плачам многу често и се турдам да мислам на нешто убаво, но не ми оди. А јас секогаш мислам на нешто убаво. Не се препознавам“ напиша пејачката и додава дека се плаши кога ќе фати земјотрес да не остане под туш.
„Едвај се нетерав да одам под туш со патрола од мојот сопруг затоа што се плашам да не фати замјотрес, а јас се туширам. Сега се надевам дека не сум јас ваква паничарка“ вели пејачката.
За потсетување, во недела Загреб беше погоден со силен земјотрес од 5.5 степени по Рихтер.