Пејачката Ана Бекута моментално се ноаѓа во самоизоалција заедно со нејзиниот сопруг Милутин Мркоњиќ Мрка.
Иако нејзините професионални активности се стопирани, Ана излегува само кога да заврши некои приватни обврски.
Бидејќи е забрането движење за луѓето над 65 години, Ана мора сама да ги извршува овие обврски.
Мрка, за една емисија откри како ги поминува деновите во изолација.
„Го почитуваме карантинот 300%. Ана е извонредна домаќинка, само не сака да каже. По цел ден готви, цело време ми „зуи“ по дома. И реков дека е полоша и од короната“ вели партнерот на пејачката.
Тие истакнаа дека е од голема важност во овој период да се грижиме за себе и да ги почитуваме мерките за заштита.