На почетокот на јуни, Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана ќе станат родители на прво дете, а потоа се селат на Кипар, пишува свет. рс
„Богдана и Вељко одлучија да се преселат на Кипар откако таа ќе се породи. Поточно, тоа беше негова идеја, а таа се согласи. Таму имаат голема куќа и ништо нема да им фали, постојано ќе бидат на релација Белград – Кипар. Вељко мисли дека таму е многу подобра климата за детето, не сака никакви вознимирувања, а овде каде и да оди со детето некој ќе го следи и фотографира. Секако, ќе има помош, со себе ќе ја води и жената која ќе биде задолжена за куќата и ќе и помага на Богдана околу детето. Одлучи да се породи во Белград и целата бременост да ја следи овде кај најдобриот доктор. Сега треба да ја реновираат куќата и да ја подготват собата за бебето. Вељко одлучи првите месеци да ја ги остави работните обврски и да се посвети на семејството. Цеца се обидуваше да го предомисли Вељко, таа сакаше снаата и синот да и бидат во близина, но и го разбира Вељко, таа е секогаш тука за да го подржи“ вели извор за свет.рс и додава:
„Едноставно Вељко сака да биде самостоен и да живее сам со сопругата и синот. Најмногу му се допаѓа тоа што на Кипар никој нема да ги препознае, ќе има приватност. Богдана е многу среќна бидејќи конечно ќе може да живее и како другите семејства“ завршава изворот.
За потсетување, и претходно кружеа гласини дали Вељко ќе живее со Цеца или не, но тој тогаш изјави дека не ја напушта куќата. Дали сега се предомислил, останува да видиме.