Зорица Брунцлик често знае да изненади со својот физички изглед. Сега, објави дека носи маска покриена со розови цвеќиња! Од овој цветен додаток, едвај можеше да се види нејзиното лице, а во ова издание пејачката позираше на социјалните мрежи и, како што се очекуваше, крена голема прашина.
Ништо поразлична не е ниту пејачката Милица Дабовиќ која носи маска целосно покриена со циркони со различни бои и облици, среде вонредна состојба поради епидемијата на коронавирус.
Колку се корисни овие маски и дали навистина ги штитат е прашање за експертите. Како и да е, едно е сигурно – српските пејачки успеаја да го привлечат вниманието и да се издвојат од толпата и овој пат.