Безгрижност… Онаа што во вакво стресно, страшно и неизвесно време на болест која го окупира светот, можеме само да ја посакуваме во што поскоро време. Надеж… Кон подобро утро без заразени, без жртви, утро со лек кој ќе ни ги спаси душите, ќе ги излекува болните, ќе ни ја врати слободата! Ден кога ќе издишеме и ќе кажеме збогум на ова зло и ќе посакаме никогаш да не се врати!
Безгрижноста сега ја нема во ниедна форма, барем за оние што ја сфатија сериозноста. Сега кон безгрижност може да се навраќаме само од спомените, а најмногу оние од детството кога таа е розова и магична. Сега е време кога сите сме исти, кога посакуваме и доживуваме исто.
Познатите Македонци со желба да направат нешто поинтерсно за себе и фановите, почнаа да си поставуваат фото предизик за објава на ретро фотографија од тоа кој како изгледал во детството.
Пејачки,пејачи,водителки, прифатено беше од секој, а во продолжение разведрете ги мислите за момент, погледнете кави беа како деца: Eлена Ристеска, Каролина Гочева, Симона Поповска,Панчо ДНК, Сузана Гавазова, Сани Гроздановска,Ристе Ристески, Слаткар, Бубе Јаневска, Елена Стојановска… А потоа можете да ги замете ваштре стари фото-албуми и да потрошите време на убавите –безгрижни времиња.