Кени Роџерс (81) почина на 20 март од природна смрт. Неговото семејство ја даде ова изјава преку Твитер страницата на пејачот за да ја потврди веста на 21 март, неколку часа откако починал: „Семејството Роџерс за жал објавува дека Кени Роџерс почина сношти во 10:25 часот на возраст од 81 година“. – стои во нивната изјава.
„Роџерс почина мирно дома од природни причини, опкружен со семејство“.
Во изјавата на семејството Роџерс се наведуваат и некои од постигнувањата на Кени во музичката индустрија за време на неговата славна кариера.
„Во кариерата што трае повеќе од шест децении, Кени остави неизбришлив белег на историјата на американската музика“, се вели во соопштението.
“Неговите песни ги пленеа и се’ уште ги пленат љубителите на музиката и допреа во животот на милиони луѓе низ целиот свет. Хитовите на врвот на топ листите како: “The Gambler”, “Lady”, “Islands In The Stream”, “Lucille”, “She Believes In Me” i “Through the Years” се само некои од песните на Роџерс кои инспирираа генерации уметници и обожаватели“.