Вчеравечер во Македонската опера и балет се одржа четвртиот од седумте концерти на промотивниот музички маратон за албумот „Извор“ на Каролина Гочева.
Оние кои си обезбедија карти и непосредно уживаа во емотивната музика, имаа што да споделат и да го опишат своето доживување од концертот, да ја испофалат Каролина како и новите песни кои како по традиција уште за време на промоцијата инстантно стануваат фаворити.
Но, пофалбите и комплиментите не стивнуваат само за одличната вокална изведба на Каролина, музичарите на сцена, авторите на музиката и текст… туку и за нејзиниот сопруг, сликарот Михаил Корубин чија слика доминира на сцената.
Токму за неа и тој имаше да го сподели со јавноста своето гледиште, својот извор на љубовта и чувствата, неговата Каролина за која напиша:
-Работа за албумскиот кавер за оваа убава и талентирана жена, која исто така ми стана моја љубов, напиша Михо.
Инаку, преостануваат уште три концерти закажани на истото место на 1-ви,2-ри и 3-ти март.
фото/видео: Instagram karolinagoceva/mihailkorubin