Агонијата меѓу Северина Којиќ и таткото на нејзиниот син, нејзиниот бивш сопруг Милан Поповиќ, продолжува.
Пејачката наводно дошла од Хрватска за да го види своето дете, на што има право да го глеа во вторник и четврток, но тоа не успеала во тоа, затоа што детето и неговот татко се во изолација заради коронавирусот.
Пејачката попусто ѕвонела на домофонот од зградата, зашто бизнисменот не сакал да ја прими, па Севе се обратила преку Инстаграм.
„Дојдов во Србија затоа што таткото на мојот син реши да ја помине цела недела овде. Од саботата чекам и се молам да го видам осумгодишно дете кое цели пет дена не ја видело својата мајка. Не ми дозволи во саботата, ниту во неделата… Тојми рече дека е со браќата, и дека ќе ми го даде во понеделник. Потоа вчера се предомисли. И кога конечно дојде вторник, денот кога плачам, наместо да го гушнам моето најмило, неговиот татко се стави и себе си и него во самопрогласена самоизолација, заради патувањето во Австрија, кое тој претходно воопшто не ми го пријави“ – тврди Северина.
Инаку, српските медиуми објавија дека Северина пристигнала во Белград од Швајцарија и не се пријавила како совесен граѓанин дека престојувала во една од најзагрозените земји, па затоа сега ќе мора да помине две недели во изолација. Северина била во Швајцарија на 7 и 8 март кога имала настап, а кога дошла во Србија, ги игнорирала мерките на владата и слободно се шетала низ Белград.
Според „Телеграф“, пејачката била пронајдена на Бежаниска коса од страна на полицијата и однесена кај санитарен инспектор. Таму и било објаснето дека таа е должна да се изолира две недели, така што изолацијата веројатно ќе ја помине на Бежаниска коса.