Радио Милева

Aња Ветерова од Бостон за коронавирусот: „Многу ми е тешко да сум преку океанот во вакви ситуации“

Aња Ветерова од Бостон за коронавирусот: „Многу ми е тешко да сум преку океанот во вакви ситуации“

Коронавирусот или „Ковид 19“ предизвика алармантна состојба во светот, паника, страв, нетрпение кај народот кој во нетака розови денови седи дома во изолација.

Наставата и предавањата на факултетите се откажани, многу вработени не одат на своите работни места, а граѓаните седат дома во своите домови во карантин.

Оние пак што не се во Македонија и да сакаат да се вратат назад, не е препорачливо бидејќи ќе треба да седат во карантин 14 дена.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/anja-vererova-vo-dilema-poradi-koranavirusot-da-se-vrati-vo-makedonija-ili-da-ostane-vo-sad-foto/

Македонската пејачка Ања Ветерова е во Бостон, САД каде е на студии на музичкиот колеџ „Беркли“.

Пред неколку дена кога беше прогласена кризна состојба во државата и надлежните апелираа да се почитуваат мерките за заштита, Ања имаше дилема дали да си дојде дома или да остане во САД.

фото: Инстаграм/ањаветерова

Како што вели таа, одлучила да остане во Бостон бидејќи е побезбедно за неа и нејзините.

За хаштаг.мк, Ветерова откри кавка е ситуацијата САД и кои мерки се преземени.

„Во моментов Бостон не е во голема опасност, меѓутоа превземени се одредени мерки во целата држава со цел да се спречи размножувањето на вирусот и да се заштити народот. Исто така, претседателот Трамп даде наредба дека сите треба да бидеме дома и зачудувачки е што сите тоа го почитуваат. Сите барови, ресторани и продажни места се затворени, дури и летовите надвор од САД се забранети. Кога станува збор за луѓето околу мене, може да се каже дека ситуацијата е тажна. Повеќето од моите пријатели си заминаа дома со цел да бидат со своите семејства иако беа свесни дека самиот пат е многу ризичен. Со повеќето се разделив пред неколку дена, а со другите го поминувам карантинот.“

фото: Инстаграм

Таа овие денови ги поминува со пријателите од Америка, а како што вели многу и недостига семејството.

„Неописливо многу ми недостасува семејството. Морам да признаам дека е многу тешко да си сам преку океанот во вакви ситуации. Мојот план за оваа учебна година беше да не се вратам во Македонија до Декември 2020. Планирав да го поминам летото тука и да не се видам со семејството 1 година. Но, ќе видиме што ќе се случи со тој план и дали ќе биде реализиран. Во овие лоши денови кога светот на некој начин е исполнет со безнадежност, црнина и немоќ, би сакала да можам да ги прегрнам оние за кои живеам…брат ми Лука, мама Ирена и тато Зоки. Потребни сме еден на друг, но ние сме едно безразлика на километрите кои не разделуваат. Љубовта нема граници“, вели пејачката за Хаштаг.

фото: Инстаграм

За потсетување, во Македонија во текот на вчерашниот ден беше прогласена вонредна состојба која ќе трае 30 дена.

To top