Коронавирусот е страшило за сите, но не и за маестро Игор Џамбазов. Ковид 19 сите не затвори дома, а нему му ги “отвори чакрите“. Таков каков што го дал Господ, се’ што ќе види и доживее да умее да го опее, Џамбаз присилниот „домашен притвор“ го претвори во плоден кантавтор кој создаде нова песна. Целата ситуација со домашната изолација го инспирира, да компонира.
А кога Игор ќе напише песна, та била таа и за Корона, неговиот хит одекнува на сите ѕвона. Таква каква што е, Џамбаз најдобро ја опишал „оваа наша ситуација“, при тоа без никој да не му помогне во неговата реализација. Приклучувајќи се кон препораките и кампањата #Остани дома, сам со својот блуз и гитарата в рака, напишал стихови од кои кожата се ежи, па песната ја снимил на видео и ја споделил на социјалните мрежи.
Патот во борбата со коронавирусот очигледно нема да биде ни лесен ни кус… Затоа, седете дома и слушајте го неговиот… „Вирус Блуз“: