Актерката Мила Јововиќ се породи во февруари годинава и на 45-годишна возрастдонесе девојче на свет.
Мила додека е во изолација, гордо објави на својот Инстаграм фотографија како изгледа домашното производство од нејзината градина и со тоа испрати порака до сите родители дека треба да ги учат своите деца од каде потекнува здравата храна што подоцна ќе се најде на нивната маса.
„Ден 6 или 7 или тоа се 60 или 70 дена во самоизолација? Дожот врнеше нон-стоп откако започна ова лудило, така што сите бевме очајни да излеземе малку на сонце. Направивме семејна прошетка во нашата градина за да собереме неколку неверојатни производи што јас ги посадив и беше многу забавно! Ова е можност да им дадеме „неколку практични животи совети“ на нашите деца. Дајте им шанса да видат од каде доаѓа нивната храна и колку е забавно да ги гледате сите овие продукти како растат, пред да се претворат од семе во нивна вечера“ – напишала холивудската актерка со српско потекло.