Вчера се појавија шпекулации на социјалните мрежи дека раелното шоу „Задруга 3“ ќе биде прекинато поради сериозноста на ситуацијата со ширењето на коронавирусот.
Во една од објавите се вели дека поради ризикот од зараза ријалити шоуто ќе заврши затоа што, иако учесниците се во изолација, сепак имаат контакт со надворешниот свет преку посета на новинари, потоа обезбедување, продавачи, гости музичари, казино работници …
Сепак, извор близок на продукцијата вели дека програмата засега ќе продолжи со емитување.
– Програмата нема да биде прекината, но ситуацијата во земјата ќе се следи и одлуките ќе бидат донесени соодветно – вели извор на продукцијата.