Гаги Ѓогани, Анабела Атијас и Луна сега живеат под ист кров во реалното шоу „Задруга“ а во медиумите се шпекулира дека за тоа добиваат огромни хонорари.
Ѓоле Ѓогани се огласи и истакна дека не станува за толкав број на цифри кои се спомнуваат во јавност.
„Анабела и Гаги се плашија од мене како некој кој е постар и ме гледаа како авторитет. Јас по неколку месеци дознав дека Гаги се дрогира, а тоа ми го соопшти Анабела. Ми се јави и ми кажа дека има проблеми со наркотици, а потоа одлучивме тоа заедно да го решиме. Одевме кај психијатар на сеанси. Неколку месеци подоцна дознав дека дилерите го тепале поради наркотици, а се тоа го криеја од мене. Последните неколку години е потполно чист“ вели Џоле и додава дека Анабела на погрешен начин го брука семејството.
„Дали е во ред во „Задруга“ да плука по сопственото дете? Со кои пари успеа да купи стан? Договорт беше парите на Луна ги земаат еднаш неделно и да купат стан. Тоа е заработка на Луна. Влезе во „Задруга“ за да прави дијалог, а на Гаги не му дзволува ни да проговори. Штом ќе отвори уста, таа го полива со вода. Ја уништува својата ќерка Луна која е млада и треба да гради кариера. Гаги е таму веќе шест, седум месеци и треба да заработи пари. Тој ја создаде на почетокот на кариерата“ вели Ѓогани и вели дека Анабела ги претепала ќерките бидејќи дошле на роденден кај нејзиниот син.
„Таа имаше лоша ситуација со Андреј кога го претепа со столица. Кога Луна и Нина требаше да дојдат на роденден кај мојот син, тие кришум избегаа од дома за да дојдат на роденден и да бидат со семејството. Меѓутоа, кога Анабела дозна одлучи и двете да ги претепа. Анабела успеа да заплаши Луна, па поради неа не смее да ја каже вистината. Не се реализираше во животот, па сега влезе во „Задруга“. Луна и Нина се прекрасни деца, но се наоѓаат во лоша ситуација“ вели Ѓоле.
Тој објасни и една ситуација кога се случила на автопат од Македонија кога Анабела наводно го удрила Гаги.
„Додека се враќаа од настап во Македонија, тој возеше брзо, 180км на час. Во тој момент таа го удри со песница и почна да вреска, додека тој и порача да се смири. Кога виде дека ситуацијата е надвор од конторла, застана на една бензинска пумпа и ја избрка надвор, а таа и понатаму не сакаше да се смири. Тоа е се што знам. Ние сите зборваме за насилството над жените, но дали постои и насилство врз мажите? Ако таа навистина трпела ќотек од Гаги тогаш зошто беше во брак со него 17 години?Тогаш таа е монстурм“ вели Џоле.