Добро познато е дека Јелена Карлеуша е голем вљубеник во модата и тоа дека не се штеди да троши на скапи парчиња гардероба.
Имено, таа неодамна присуствуваше во Милано на ревијата на Донатела Версаче за колекцијата есен зима.
Како што пренесуваат српските медиуми, наводно Јелена добила покана директно од Донатела, а како привилегија носеше и комбинација од најновата колекција која беше промовирана на писта.
Карлеуша седна во првите редови, место кое може да го добијат познатите и оние со подлабок џеб.
Секако, српската ѕвезда не пропушти да се пофали и да го наполни својот инстаграм со фотографии и видеа од големото модно случување.