Радио Милева ѕвезда или марсовец?

Вака Тамара Тодевска се штити од коронавирусот: „Можеби изгледам смешно…“ (фото)

Вака Тамара Тодевска се штити од коронавирусот: „Можеби изгледам смешно…“ (фото)

Главна тема, проблем број 1 во целиот свет е „Ковид 19“ или коронавирусот, па Македонија и светот се уште соочуваат со уште еден здравствен предизвик, за кој сите едвај чекаат да му докјде крај.

Поради превентива и заштита од корона, надлежните институции и Светската здравствена организација постојано апелираат за  заштитни мерки, а меѓу нив се често миење на рацете со сапун, самоизолација, намален контакт со луѓе, носење на маски и ракавици, чистење и дезинфекција на површините….

Македонските јавни личности ги почитуваат овие мерки, па многумина од нив останаа во своите домови, а за да ги расположат граѓаните и да го тргнат фокусот од короната, некои од нив се вклучуваат онлајн на социјалните мрежи.

Тамара Тодевска во ваквата ситуација деновите најчесто ги поминува во кругот на нејзиното семејство.

фото: инстаграм

Меѓутоа, кога треба да излезе до продавница или аптека, никој не би ја познал, односно согласно со правилата за заштита, пејачката носи маска и ракавици.

Имено, во кусите приказни на „Инстаграм“ таа објави фотографија и покажа како се штити од короната.

фото: Инстаграм

„Можда изгледам смешно, али јас вака се штитам, и тоа ако отидам до маркет или аптека, евентуално. Вие што ме гледате како НЛО, ваш проблем“ напиша пејачката во описот на „сторито“ каде седи зад воланот со маска и ракавици.

 

To top