Радио Милева

Македонскиот актер кој беше во авион со заразената патичка се огласи од карантин со критика до властите : „Колку можам да заразам како потенцијален носител на вирусот?!“

Македонскиот актер кој беше во авион со заразената патичка се огласи од карантин со критика до властите : „Колку можам да заразам како потенцијален носител на вирусот?!“

Македонскиот актер, музичар и пантомимичар, Кирил Трајковски-Максим, познат како Марлон Брандо, пред неколку дена на својот фејсбук-профил објави дека за време на летот од Барселона, каде бил заедно со  свој другар, во авионот имало патчичка кај која подоцна е констатиран корона вирус, што беше и потврдено јавно.

Кирил најпрвин, по слетувањето во Скопје побара совет од своите следбеници како да постапи одговорно поради опасноста од евентуална зараза и ширење на КОВИД-19.

Подоцна, тој повторно се активираше на споменатата социјална мрежа и појасни дека заедно со пријателот со кого патуваше се во самоизолација во селото Љуботен. Секој ден оттаму тој има свое обраќање преку профилот и е среќен што засега не покажал никакви симптоми, но имаше критика со шпанските власти како и нашите поради тоа што се случува на аеродромот во Скопје.

фото:кирил трајковски максим/фејсбук

Карантин – ден 3
Здраво на сите најпрво да ви посакам убава работна седмица за тие што работат, а за тие како мене убав карантински престој во едно место.
Сигурно веќе знаете дека девојката што патувала со нас во авионот е позитивна
Ние не се плашиме бидејќи немавме контакт со девојката, единствено нешто што не засега е воздухот кој се диши во авионот дали кружи постојано и како е регулирано тоа.
Би споделил дека сум крајно разочаран не од девојката што ја осудуваат (како можела да влезе со нас) туку од шпанските власти кои не правеа никаква контрола кога влегувавме во авионот на ниту еден патник после чекирање.
Исто и кај нас освен таа термална камера никој не ти кажува што да правиш мислам треба барем едукативни тимови да постојат и да те упатат во изолација додека не се утврди дека се е во ред со сите патници .
Мене ми се јавија после два дена да ме прашаат како сум и каде сум. Замислете дотогаш колку можам да заразам како потенцијален носител на вирусот ако не сум свесен самиот за опасноста???
Што е најважно не сум само јас има уште 50 луѓе кои се исто потенцијални распространувачи на вирусот и кај некој за жал работи свеста но некој од нив сигурно брзал да отиде дома и да ги гушне најмилите
Се надеваме дека нема да има други случаи од нашиот авион.
Симптоми сеуште нема. Се надеваме така и ќе остане.
Бидете поздравени! -пишува Кирил кој инаку е сопруг и татко на две ќеркички.

To top