Една од најпознатите фолк пејачки на македонската естрада, Татијана Стефановска, го објави спотот за нејзината најнова песна која носи наслов; „На свадба ми дојдоа”.
Како што кажува и самиот наслов, станува збор за песна со свадбарска тематика на која што како автор на музиката и аранжманот се потпишува маестро Златко Миладиноски, а текстот го напишал Драган Матески. Песната „На свадба ми дојдоа”, Татијана ја снимала во студиото „ХЛ“ на Дејан Момироски.
„Една убава свадбарска тема, позитивна, а свадбата ја опишува невестата. Таа кажува за гостите кои што ги чека од туѓина да дојдат и заедно да се веселат на нејзината свадба. Во оваа песна можат да се пронајдат сите оние кои што имаат таков убав момент, како што е свадбата. Сепак,најмногу текстот се задржува на гостите кои што треба да дојдат од странство и заедно да уживаат во свадбата на блиската роднина, односно невестата“ – истакнува Татијана во интервју за сателитската ИН ТВ.
Снимањето на спотот се одвивало во домот на Татијана и уште на неколку локации низ Охрид во соработка со ИН Продукција.
Нејзините очекувањата се песната да биде добро прифатена од јавноста и да заживее меѓу народот. Татијана се надева дека „На свадба ми дојдоа” ќе се пее на македонските свадби, но и на другите семејни прослави.
Во продолжение погледнете го спотот: