Хрватската секс бомба, пејачка и актерка, нам позната во моментов од серијата „Чиста љубов“ која се емитува на една од нашите телевизии, згодната Нивес Целзиус, се потсети на ланското лето споделувајќи фотографија на Instagram и коментар, колу и недостасуваат сонцето и морето во овие студени, зимски денови.
Нивес во едноделен бел костим за капење фотографирана од зад грб го покажа своето газе, кое покрај нејзините бујни гради, е нејзиниот најголем адут и во постот напиша: “Сега би била тука”.
Иако добила многу комплименти за нејзиниот задник, сепак еден од коментарите гласел:
„А да се фрлиш малку на тренинг драга, за да не те заменат за кит ова лето“?
Но, и Нивес не му останала должна, па му вратила:
„Работам за да ја стигнам за мене најубавата жена во светот, Кели Брук, што значи дека ми требаат уште 5 до 7 кг. И можеби ќе го замениш конечно овој со некој паметен коментар, за да не те заменат за дебил“ – му одговорила таа.